Консултативно – советодавни услуги за економски оператори

  • Анализа на огласот за јавна набавка и тендерската документација;
  • Подготовка на предлози за измена/дополнување на тендерската документација при  спроведување на технички дијалог и анализа на дадените одговори;
  • Подготовка на прашања за разјаснување на делови од тендерската документација и анализа на дадените одговори;
  • Подготовка на документацијата за учество во постапката за јавна набавка;
  • Помош при  составување на група на понудувачи со цел учество во постапката;
  • Помош во избор на субјекти кои ќе бидат техничка поддршка или подизведувачи на дел од договорот за јавна набавка;
  • Анализа на одлука за избор и/или одлуката за поништување на постапката;
  • Подготовка на жалба;
  • Реализацијата на договорот за јавна набавка, негово менување (анексирање) или раскинување;
  • Укажување на ситуациите кои можат да доведат до издавање на негативна референца и/или активирање на средставата за обезбедување.
  • Обука на клиенти за  користење на Електроноскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), инсталација на токен за потпишување на документи и обука за користење на токен;
  • Изготвување на барањa до надлежно министерство/ орган на управа за давање мислење за примена на одредбите од законот;
  • Едукација: обука и интерактивна работилница за вработен/и кај клиентот