Центар за јавни набавки е модерна и динамична консалтинг компанија чии експертски тим Ви стои на располагање за решавање на сите ваши дилеми и предизвици врзани за:
- јавните набавки
- концесиите
- јавно приватното партнерство
- огласите од меѓународни институции (Светска банка , Европска унија, ИПА)
- управувањето со човечките ресурси
- архивското и канцелариско работење (со ништење на документацијата по добиена согласност од надлежниот Архив)
- заштитата на личните податоци
- Диск.мк – систем за супербезбедно чување на документи: Чување на сите важни документи на енкриптиран и заштитен систем до кој достап има само корисникот преку својот компјутер, мобилен телефон или таблет. Дополнително, документите се чуваат во Cloud систем и нема потреба да се користат USB стикови за да бидат префрлувани од еден компјутер на друг, туку автоматски се синхронизираат на сите компјутери овластени од корисникот. На овој начин, документите никогаш нема да бидат изгубени, дури и во случаи кога компјутерскиот диск ќе биде непоправливо расипан или украден
со што на најдобар можен начин обезбедуваме административна поддршка на вашето работење. Ефикасното, прецизното и професионалното извршување на услугите што ги нудиме ги прилагодуваме на специфичностите на секој поединечен клиент.